Четири лица го загубија животот во понеделникот во престрелка во просториите на бродска компанија во предградието на Атина, меѓу кои и напаѓачот кој изврши самоубиство, соопшти полицијата, пренесуваат грчките медиуми.
Напаѓач влегол во седиштето на European Product Carriers во понеделникот наутро, отворил оган и покосил три лица, двајца мажи и една жена, а потоа се забарикадирал во подрумот каде што бил пронајден мртов.
До него лежело оружјето употребено во нападот.
„Според првите информации се чини дека се самоубил“, соопштиле од полицијата за соседните медиуми.
Мажот, чиј идентитет не се открива, грчките медиуми го претставија како поранешен вработен во компанијата во атинското предградие Глифада, кој добил отказ.
Поморската компанија European Product Carriers е основана во 1979 година и има флота од 35 бродови, од кои повеќето се нафтени танкери.
Покрај пристаништето Пиреја, свои канцеларии имаат и бројни грчки бродски компании во Гифада, крајбрежна област јужно од Атина.