Четврти ден се трага по исчезнатиот во езерото Глажња

Осум нуркачи од армиските специјалци „Волци“ денеска ја продолжуваат потрагата по 29-годишното лице, кое во попладневните часови на 29 јули оваа година исчезна во водите на вештачкото езеро Глажња во Липковскиот регион. 

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), условите за потрага се многу тешки, брегот е исклучително стрмен, а длабочината на водата е повеќе од 20 метри на само неколку метри одалеченост од брегот.

Според ЦУК, видливоста е исто така лоша, особено на поголема длабочина. Посочуваат дека постојано се пребарува и брегот на езерото.

Полицајци од СВР Куманово го обезбедуваат местото на несреќата.