Тешка несреќа се случи вечерва во близина на Штутгарт, кога четири 13-годишни деца се качија на покривот на спортската сала и паднаа низ него!
Според првите сознанија, децата наводно паднале од околу осум метри во длабочина и сите се тешко повредени.
Како дошло до несреќата сè уште не е познато, а се претпоставува дека тие паднале низ светларникот додека си играле, изјавил за БИЛД портпаролот на полицискиот штаб, Ален.
На терен беа голем број пожарникари и брза помош, а децата со спасувачки хеликоптер беа пренесени во болница.