Четири знаци на рак на дебелото црево на кои треба да внимавате

Ракот е група на болести кои се карактеризираат со неконтролоран раст и ширење абнормални клетки. Кога овие клетки формираат грутка или маса, тоа се нарекува тумор. Ракот може да влијае на кој било дел од телото и може да се шири низ крвотокот или лимфниот систем, создавајќи нови тумори во други делови од телото или метастази.

Ракот на дебелото црево е вид на рак кој започнува во дебелото црево. Симптомите може да вклучуваат крв во столицата, абдоминална болка и губење на тежината. Раната дијагноза и третман може значително да ги подобрат резултатите за пациентите, така што научниците од Националната здравствена служба (NHS) спроведоа истражување и предупредија на следните четири симптоми.

  1. Промени во столицата, вклучувајќи полабава столица, дијареа или запек. Потребата за празнење на дебелото црево почесто или поретко од вообичаеното и крв во столицата исто така може да биде знак за рак на дебелото црево;
  2. Болка во стомакот или грутка во абдоменот;
  3. Надуеност или губење на тежината;
  4. Прекумерен замор или чувство на замор без причина.

За среќа, испитувањата на имунотераписките третмани нудат нова надеж за пациентите со рак, при што биомедицинските научници ги поздравуваат „неверојатно возбудливите“ резултати во лекувањето на ракот на дебелото црево, пишува The Mirror.

Научникот специјализиран за онкологија и истражување на ракот и професор по биомедицински науки Џастин Стебинг рече:

,,Овие резултати се неверојатно возбудливи. Ракот на дебелото црево е еден од најчестите форми на рак во светот и ова е првпат да има убедливи докази дека имунотерапијата може да работи во сите форми на колоректални тумори, така што ова сега напредува во доцна фаза на клинички испитувања и се надеваме дека FDA ќе ја одобри неговата употреба во САД многу брзо.”

Упатствата на NHS сугерираат да се посети лекар ако симптомите продолжат три недели.