Во престрелката во градот Балтимор, во сојузната држава Мериленд, на забава, најмалку четири лица загинаа, а дваесет и пет се повредени, потврдија очевидци и локални власти.
Престрелката се случила синоќа, по полноќ, потоа била повикана полиција на улицата Грета во населбата Бруклин во Балтимор, каде се собрале многу луѓе, јавува BNO News.
Стотици луѓе се собраа да го прослават Денот на Бруклин кога се случи инцидентот, а сведоците рекоа дека се слушнале 20-30 истрели, како што пренесува Фокс Балтимор.
– Само се нижеа еден по друг – рече еден сведок.
Нема прецизни информации за состојбата на повредените, но се знае дека многумина сами се упатиле во блиските болници.
– Полицијата во Балтимор е на местото на инцидентот со масовно пукање во блокот 800 на улицата Грета во Јужен Балтимор – се вели во соопштението на полицијата.