Директорот на Клиниката за токсикологија Андон Чибишев во интервјуто за Радио Европа е Лире изјави дека дел од пациентите на Кочан веќе се пуштени на домашно лекување.
Тој стравува од можни посериозни компликации, но посочува дека многу земји им пружиле медицинска помош на пациентите.
„Се плашам дека може да се појават посериозни компликации, како што се оштетување на меморијата, неможност за концентрирање. Имаме и план како ќе се третираат во иднина. За ова е разговарано и во Кризниот штаб каде што учествуваат луѓе од повеќе области. Има понуди од неколку европски земји да помогнат во долгорочниот процес на рехабилитација, ни нудат престој на пациенти за рехабилитација на моноксиди во специјални случаи. Чибишев.
Чибишев рече дека здравството е запоставено, а главниот проблем според него лежи во немањето финансиски средства и модерна инфраструктура.
„Здравјето долго време е запоставено, некако е ставено на втор план. Во македонското здравство се случија многу непожелни работи кои дополнително ја оптоварија и онака тешката состојба. Главниот проблем во македонското здравство е немањето пари, современа опрема и современа инфраструктура“, рече тој.
Неколку дена по трагедијата во Кочан, добар дел од настраданите пациенти поминале низ Клиниката за токсикологија, вели Чибишев.
Над 40 пациенти поминале низ оваа Клиника, каде дел од нив поради влошување на состојбата се префрлени на други клиники, а останатите на лекување во странство.