Чипот на Маск вграден во мозокот на трет пациент, планира да вгради 30 такви чипови во 2025 година

Чипот Neuralink на американскиот милијардер Илон Маск е вграден во мозокот на трет пациент, јавуваат американските медиуми.

Маск најави дека компанијата планира да инсталира околу 20 до 30 вакви чипови оваа година.

„Сега имаме три лица вградени со чипот Neuralink и сите тие добро функционираат“, рече Маск на митингот во Лас Вегас што беше проследен на социјалната мрежа X.

Neuralink е една од сè поголемиот број компании кои развиваат мозочни импланти за да помогнат во лекувањето на болести како парализа и амиотрофична латерална склероза.

Тоа се експериментални процедури во кои електродите се вметнуваат во мозочното ткиво.

Компанијата Neuralink пред една година објави дека го инсталирала првиот таков уред кај пациентот Ноланд Арбо.