ЧИПС ПРОИЗВОДЕН ВО СРБИЈА СОДРЖИ КАРЦИНОГЕНА СУПСТАНЦИЈА! Товарот запрен на хрватската граница

На хрватската граница, високо ниво на канцероген акриламид е откриено во чипсот со вкус на пиперка, произведен во Србија, а објавен е и на веб-страницата на Европската комисија.

Производот не влегол на хрватскиот пазар и бил безопасно уништен.

Што точно е акриламид и како се создава?

Акриламид не може да се најде во свежата храна и главно се формира при преработка на храна на температури над 120 степени, како и при ниска влажност, што вклучува печење, пржење и други форми на подготовка.

Најчесто се наоѓа во леб, помфрит, чипс, житарки за појадок, бисквити, крекери и кафе.

Како што соопшти хрватската агенција за храна, се проценува дека присуството на акриламид во храната може да го зголеми ризикот од развој на рак кај сите возрасни групи.