Еден од најголемите хрватски тренери и светски бронзен медалист во 1998 година во Франција призна дека е при крај на својот животен пат…
Тренерот на сите тренери, легендарниот Мирослав Ќиро Блажевиќ , во придружба на својот син, секое утро шета низ центарот на Загреб . Долго време се бори со ракот, но не се откажува иако признава дека нема многу шанси. Во средата, придружуван од синот Мирослав , се шеташе низ градот, неколку новинари го поканија на кафе, но Чиро не можеше да…
Извини сине, не излегувам повеќе. Единствено излегувам за на инфузија. Брат ми ме води, а јас брзо се изморувам. Морам да одмарам на секои пет метри. На вас ви е до за*банција, а јас се борам иако знам дека немам шанси. Не сум сигурен дека ќе стигнам до 9-ти или 10-ти февруари. Мило ми е што мислите на мене, ве сакам сите – рече Блажевиќ .
Имено, тој треба да го прослави роденденот на 9 или 10 февруари, во документите официјално било запишано како 10 февруари , но Ќиро неколку пати објаснил дека неговиот татко Мато останал уште малку во кафулето, па го пријавил во матичар еден ден подоцна.
Бронзениот медалист од Франција откри дека мора да се раздвижи за да не го помине денот во болки, а станува се потешко и потешко да стане од кревет и му треба нечија помош.
– Сфатив дека не можам повеќе. И тоа хендикепира во многу нешта, но се сеќавам на моите години, а знам дека морам да внимавам и на рекреативните активности – изјави неодамна во програмата Здравје на квадрат.