Човекот кој испишува историја: Јокиќ имаше сезона каква што досега не била видена во НБА

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ (30) ја одбележа актуелната сезона во НБА лигата со одлични партии кои најдоа место во историјата на најсилната лига во светот.

Достигнувањата на центарот на Денвер Нагетс покажуваат дека наградата за МВП оваа сезона дефинитивно треба да заврши во неговите раце по четврти пат.

Во неодамнешната победа против Мемфис Гризлис, тој обезбеди неверојатен сезонски трипл-дабл просек од 29,8 поени, 12,8 скока и 10,3 асистенции.

Во меѓувреме, ѕвездата на Денвер испиша уште една страница во историјата, онаа од воведувањето на статистиката по натпревар од 1970 година.

Имено, Јокиќ е првиот играч во НБА кој заврши меѓу тројцата најдобри кошаркари по поени (29,6), скокови (17,2) и асистенции (10,2) во една сезона.

Јокиќ и неговиот тим сега го чекаат плеј-офот од НБА лигата, а првиот натпревар Денвер и Лос Анџелес Клиперс го играат утре со почеток од 21:30 часот.