„ЧОВЕКОТ НА ДУША ЈА НОСИ ЖЕНАТА КОЈА ПОЧИНА“ Саша Поповиќ откри што му рекол Ѓорѓе Давид по страшната несреќа во Македонија

Ѓорѓе Давид имаше сообраќајна несреќа во Македонија во која удрил жена која поттоа почина.

Поранешниот директор на продукцијата „Гранд“ Саша Поповиќ по сообраќајната несреќа разговарал со Ѓорѓе и ги открил деталите од грозоморниот настан.

-Веднаш разговаравме додека беше на лице место, му се јавив, ми кажа се, повеќе од тоа не знам. Тој рече дека мора да остане таму уште неколку дена за заврши целата постапка. Во таа магла и тие услови тој налетал на нешто што веќе се случило. Гледам дека него му е најтешко затоа што жената почина.

– Не беше му важно што го сошиле, само жената да беше жива. Вели дека автомобилот му е тотално оштетен, но има многу пријатели во Македонија. Единствениот проблем е што ја носи на душа жена која почина . Како што рече јавниот обвинител, налетал на кривината, тој судар веќе се случил …

Да потсетиме, Обвинителството на Македонија соопшти за тешка сообраќајна несреќа кај Куманово, во која учествуваше и Ѓорѓе Давид и во која едно лице загина, а неколкумина се повредени.

Според првичните информации, прво се судриле два автомобили, „фолксваген поло“ со кумановски регистрации и „фолксваген голф“ со скопски регистарски таблички. Како што се посочува во соопштението, до судирот дошло кога возачот на еден од автомобилите влегол на автопатот во спротивна насока.

„По тој првичен судир, од автомобилот излегла сопатничката од возилото со кумановски регистрации и во тој момент на неа налетал автомобил „опел“ со српски регистарски таблички. Од ударот жената се здобила со тешки телесни повреди, од кои почина. “, се вели во соопштението на обвинителството.