Кери Свинтон не можела ни да замисли како ќе се одвива нејзиниот живот кога се омажила за поранешниот сопруг во јуни 2011 година. За време на прославата, на која биле поканети 110 гости, таа го запознала својот долгогодишен пријател Марк Тејлор. Таа не го знаеше тоа во тоа време, но тој ќе стане нејзин вереник и во друг пресврт на судбината, таа ќе го спаси неговиот живот. Бракот на 46-годишната Кери на крајот се распадна, а во јануари 2015 година таа поднесе барање за развод , пренесува The Mirror.
Кери, која има 10-годишна ќерка со нејзиниот поранешен сопруг, се забавуваше и имаше краткотрајни врски, но на крајот одлучи дека сака да биде сингл. Сепак, се се сменило четири години подоцна кога барала локален „човек со комбе“ за да и го премести клавирот, кога случајно наишла на профилот на Марк на Фејсбук. Кери го ангажирала 52-годишниот Марк, по што почнале да разговараат и да се запознаваат.
“Убаво си поминавме. Го познавам 15 години. Разговаравме за врските и тој спомна дека се гледа со некој. Убав муабет имавме и тоа беше тоа. Секогаш ми се допаѓаше, но никогаш не мислев дека е сингл“. Една недела подоцна, тие разговараа речиси секој ден, а тој одеднаш се појави на нејзината врата со букет цвеќе. Кери рече: „Цветовите беа прекрасни. Тој ме покани на состанок и имавме прекрасен ден заедно. Веднаш можев да кажам дека ќе се заљубам во него“.
Остатокот е историја, а парот се пресели заедно во ноември 2020 година.
“Тој беше прекрасен. Многу е смешно кога гледаме заедно на старите слики. Не можам да верувам дека тој е на сликите од мојата свадба.” Но, работите добија драматичен пресврт кога бубрезите на Марк откажаа во декември 2021 година поради генетско нарушување наречено полицистична бубрежна болест. Марк отиде на дијализа за да ги исчисти своите бубрези, но на 26 декември 2021 година итно беше пренесен во болница по постојано крварење од носот, што ја остави Кери загрижена.
Кери на крајот го спасила животот на Марк, откако тимот од болницата во Бирмингем и кажал дека е совршена за донација на бубрег. „Шансите беа толку мали. Не можам да верувам дека сум негов совршен донатор“, додаде таа, „Бевме толку емотивни. Откако двајцата родители починаа од оваа состојба, тоа беше толку олеснување за него. Никогаш не мислев дека мажот што го запознав на свадба ќе биде совршен за мене. Мислев дека е сладок, но никогаш не замислував дека ќе заврши како љубов на мојот живот со еден од моите органи. Никогаш не мислев дека некогаш ќе донирам бубрег. Тоа е многу надреално“.
За среќа, операцијата била успешна и двајцата закрепнале дома пред да се вратат на работа шест месеци подоцна. Марк рече: „Јас ѝ го должам светот. Таа ми даде уште една шанса за живот“, додека Кери додаде: „Чувствувам дека повеќе луѓе треба да го прават тоа. Тоа едвај влијаеше на мојата способност за работа. Тој го имаше моето срце, а сега тој го има мојот бубрег“. Вљубениот пар сега се вери и планира да се венча следната година.