Индиец (26) од Њу Делхи проголтал 39 монети и 37 магнети убеден дека цинкот од металните монети ќе му помогне во бодибилдингот .
После тоа, младиот Индиец добил силни стомачни болки , па побарал помош во болницата каде му била направена рендген, а она што го виделе ги шокирало лекарите , пренесува oe24.
Со денови бил во болница
Монетите се залепиле поради магнетната сила, што довело до интестинална опструкција .
Хирурзите успеале да ги извадат сите монети и магнети , а пациентот ја напуштил болницата по една недела.