Маж од Јужна Африка е пронајден жив пет дена по трагичното уривање на станбена зграда на истокот на земјата!
Алан Винд, премиерот на јужноафриканската провинција Западен Кејп, вели дека мажот поминал 116 часа под урнатините на зградата .
– Ова не е ништо друго освен чудо – напиша Винде на својот профил на социјалната мрежа Х со видео од спасувањето.
Официјални лица соопштија дека најмалку 13 лица загинале, а 39 се уште се водат како исчезнати откако во понеделникот се урна петкатна зграда во градот Џорџ, источно од Кејп Таун.
Спасувачите користат кранови и дупчалки за да се обидат да стигнат до затрупаните луѓе.