Авион на Jet2 од Бугарија за Велика Британија ненадејно бил пренасочен кон Келн, откако еден патник починал за време на летот.
Летот LS3214 полета од Бургас, Бугарија за Ливерпул во понеделникот околу 13 часот по локално време, пред екипажот да прогласи вонредна состојба два часа подоцна.
Авионот бил пренасочен кон Келн, а по слетувањето на оддалечената писта на аеродромот околу 15 часот и 32 минути, брзата помош веднаш се упатила кон авионот.
Човекот наводно доживеал срцев удар и бил прогласен за мртов, и покрај сите напори на патниците и екипажот да го реанимираат, пренесува Мирор .
По неколку часа поминати на аеродромот, авионот конечно повторно полета за Ливерпул во 21.17 часот и слета во Велика Британија во 22.27 часот.