Пресудата ќе биде изречена следниот месец, а обвинетиот дотогаш ќе остане во притвор
Џоби Пол (32) од Англија е осудена за кражба на речиси 200.000 чоколадни јајца, вредни околу 48.000 долари, откако во вторникот пред судот се изјасни за виновен за криминална штета и кражба, соопшти полицијата во Западна Мерсија.
Десетици илјади Cadbury Creme Eggs, култното британско чоколадно јајце со бел и жолт мек фондан внатре, беа украдени во саботата од објект во Стафорд парк во Телфорд, град во западна Англија, соопшти полицијата.
Чоколадото било пронајдено кога полицијата во саботата го запрела Пол на автопат, соопштено е.
Адвокатот на Пул, Џон Мекмилан, пред судот истакна дека неговиот клиент „го запрел возилото кога сфатил дека го следи полицијата“ и тогаш сфатил дека „играта е завршена“.
– Тој не пружи никаков отпор кога беше уапсен – нагласи Мекмилан.
Полицијата по успешната операција се пошегува на Твитер.
– Полицијата во Западна Мерсија помогна да се спаси Велигден за љубителите на крем јајца откако беа украдени речиси 200.000 чоколадни задоволства од објект во Стафорд Парк, Телфорд. Кражбата се случила во саботата на 11 февруари. Заедно со јајцата биле украдени и бројни други видови чоколада. Набргу по кражбата возилото за кое се претпоставувало дека е велигденското зајаче било сопрено, а 32-годишен маж е уапсен под сомнение дека е крадец – напиша полицијата.
На Пол му беше одреден притвор пред изрекувањето на пресудата следниот месец.