Трагичен настан денеска ја погоди Патра, Грција, кога 46-годишен маж се обесил на централниот плоштад во истоимениот град.
Човекот се обесил зад храмот Свети Пантократор пред очите на сите минувачи и соседи кои останале запрепастени од глетката.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција која го истражува настанот.
Според грчките медиуми, се работи за лице кое имало проблеми со зависност од дрога.
Мажот бил пронајден обесен до бала од слама со јаже врзано околу вратот.
Во надлежното полициско одделение направија увид а деталите ќе бидат соопштени утре.