Состојки:
5 јајца
5 лажици шеќер и брашно
3 лажици какао
1/2 лажичка сода бикарбона
100 гр чоколадо за готвење
50 гр путер
400 гр капини
За прелив:
100 гр чоколадо за готвење
20 гр путер
100 гр капини
100 гр јагоди
Подготовка:
Белките се матат со миксер, се додаваат шеќерот и жолчката и се матат додека да се соединат. Брашното измешајте го со какаото и прашокот за пециво и мешајте го лажица по лажица во изматените јајца. Чоколадото растопете го со путерот и кога малку ќе се олади измешајте го со претходната смеса. Тавче со димензии 35 x 20 cm намачкајте со путер и прелијте ја подготвената смеса. Одозгора наредете ги капините. Се пече во рерна загреана на 180 степени 30 минути. Кога колачот ќе се излади, прелијте го со растопено чоколадо во кое сте додале изблендирани и процедени капини. Изладете ја тортата во фрижидер, исечете ја на решетки и послужете.