Чорапот на Мајкл Џексон продаден за 6.200 евра

Еден светкав чорап што го носел кралот на поп-музиката, Мајкл Џексон, за време на неговата француска турнеја во 1997 година, беше продаден на аукција во градот Ним за 6.200 евра , објавија организаторите.

Чорапот, украсен со кристали, првично бил проценет на 4.000 евра, а имал посебна вредност бидејќи Мајкл Џексон го носел за време на спектакуларниот настап во Ница, на стадионот „Чарлс Ерман“, на 27 јуни 1997 година, за време на изведбата на песните „Beat It“ и „Billie Jean“, пишува Фигаро и го пренесува Информер.

Овој предмет го пронашол тогашниот сценски техничар во близина на гардеробата по концертот . Тој го чувал чорапот заедно со пропусницата за зад сцената и платниот список од тоа време, што служело како доказ за автентичност.

Претходниот обид за продажба на 21 јули не успеа поради, како што беше наведено, лошото медиумско известување.

Новиот термин за аукција предизвика поголем интерес кај колекционерите, па чорапата беше продадена за повеќе од двојно поголема цена од почетната, која изнесуваше 2.500 евра.

Инаку, шапката што музичарот ја носел за време на неговата прва изведба на танцот „месечева прошетка“ на телевизија во 1983 година била продадена минатата година во Париз за 77.640 евра.