ЧОРБА ОД ДОМАТИ КОЈА ПОМАГА ДА СЕ НАМАЛИ КРВНИОТ ПРИТИСОК: Клучот е во поголем внес на КАЛИУМ кој е одличен за здравјето на срцето

Секојдневното консумирање домати, како и производите на база на домати може да биде корисно за здравјето на срцето. Веста доаѓа од студија објавена во European Journal of Preventive Cardiology, која покажа дека овој зеленчук игра важна улога во спречувањето и контролирањето на високиот крвен притисок.

Повеќе од 7.000 возрасни Шпанци со висок ризик од кардиоваскуларни болести учествуваа во студијата и пополнија прашалници за нивниот начин на живот и здравствена состојба, како и за нивните навики во исхраната, кои вклучуваат консумирање домати.

Дневната потрошувачка на домати вклучуваше јадење сурови домати или производи од домати, како сос од домати и газпачо (ладна шпанска супа од домати).

Студијата покажала обратна врска помеѓу консумирањето домати и ризикот од хипертензија кај најниските и средните групи, а значајна поврзаност била забележана во највисоката група. Поголемата потрошувачка на домати и производи од домати го намалува ризикот од хипертензија за 36%, а дури и умереното консумирање има ефект на намалување на крвниот притисок, покажа истражувањето.

Зошто доматите се добри за здравјето на срцето?

Доматите се препорачана храна од Американското здружение за срце (АХА) за намалување на хипертензијата, главно поради тоа што се богати со калиум.

„Постои огромна количина на податоци кои сугерираат дека повисокиот внес на калиум води до намалување на крвниот притисок“, рече Грегори Кац, кардиолог во NIU Langone Health.

Препораката за намалување на натриумот (сол) и зголемување на калиумот е добро воспоставена модификација на животниот стил за да се намали ризикот од хипертензија. Зголемената потрошувачка на домати богати со калиум е еден ефикасен начин за зголемување на калиумот во исхраната.

Покрај калиум, доматите се и добар извор на ликопен, кој има бројни придобивки за кардиоваскуларниот систем, вклучувајќи антиоксидантни, антиинфламаторни, антиатерогени и антитромбоцитни ефекти. Истражувањата покажуваат дека овие својства, исто така, му даваат на ликопен значајни антихипертензивни својства.

Супа од домати

Состојки (за 6 порции):

  • 3 лажици маслиново масло (или друго растително масло по ваш избор)
  • 2 главици кромид, сецкани
  • 2 стапчиња целер, сецкани
  • 300 гр моркови, сецкани
  • 500 гр компири, исечени на коцки
  • 4 ловорови листови
  • 5 лажици доматно пире
  • 2 лажици шеќер
  • 2 лажици црвен или бел вински оцет
  • 4 лименки од 400 гр сецкани домати
  • 500 гр доматна паста
  • 3 коцки зеленчук
  • 1 литар вода

Подготовка:

Во поголем тенџере ставете ги маслото, кромидот, целерот, морковот, компирот и ловоров листот и нежно динстајте ги со малку вода додека не омекне кромидот – околу 10-15 минути.

Додадете доматно пире, шеќер, оцет, сечкани домати и доматна паста како и коцки од зеленчук. Додадете 1 литар врела вода и оставете да зоврие. Покријте и варете 15 минути додека компирот не омекне, а потоа отстранете го ловоровиот лист. Пирете со блендер со стапчиња додека не се изедначи. Зачинете по вкус и по потреба додадете уште малку шеќер.