ЧУДА НА МОРСКИТЕ ДЛАБОЧИНИ Робот снимил сцени што човечкото око никогаш не ги видел, научниците се воодушевени

Тим истражувачи од Универзитетот во Сиднеј направи значајно откритие на дното на Тихиот Океан, користејќи подводен робот за да долови претходно неистражени предели.

Ваквите роботи, или автономни подводни возила (AUV), сè повеќе се користат за научни цели, објавува LadBible .

Илјадници собрани снимки

Австралискиот центар за роботика (ACFR) управува со овие роботи , кои се опремени со најсовремена опрема, вклучувајќи камери и навигациски сензори. Благодарение на нив, собрани се десетици илјади слики од морското дно.

Професорот Стефан Вилијамс го предводеше тимот што мапираше дел од морското дно кој досега никогаш не бил детално истражен. Технологијата им овозможи на истражувачите да создадат јасна слика за тоа што лежи во длабочините.

„Ова е прв пат делови од морското дно, во близина на островот Норфолк, да бидат снимени во толку висока резолуција“, рече Вилијамс.

Разновиден подводен свет

Тој додава дека визуелните и акустичните сензори на AUV собирале податоци за да создадат тродимензионални модели на морското дно и морските живеалишта.

„Ни беше задоволство да ја поддржиме оваа експедиција“, нагласи Вилијамс.

Истражувањето е спроведено во водите во близина на Норфолк, мал австралиски остров кој се наоѓа околу 1.500 километри источно од Бризбејн.

Океанот околу островот е богат со корални гребени кои биле неистражени. Според Универзитетот во Сиднеј, областа е дом на разновидна флора и фауна.

Невидени снимки од морското дно

Во близина се наоѓа и остатоците од воениот брод ХМС „Сириус“, кој се насука на корални гребени во 1790 година. Научниците се надеваат дека, доколку временските услови дозволат, ќе можат да го посетат и ова историско место.

ACFR работел на слични проекти и претходно, а за време на една од претходните експедиции во остатоците од антички грчки брод бил пронајден скелет стар 2.000 години.

Благодарение на досега невидени слики од морското дно покрај островот Норфолк, истражувачите ќе создадат прецизни тродимензионални модели на подводниот свет.

Покрај визуелните записи, собрани се и примероци од морски организми, што ќе помогне не само да се види, туку и да се разбере кој го населува овој досега скриен подводен свет.