Овој викенд археолозите открија пат стар седум илјади години под наслаги од морска кал кај Корчула.
Водачот на истражувањето Игор Боржиќ од археолошкиот оддел на Универзитетот во Задар забележал чудни градби во морето на заливот Градина, по што археолошкиот тим утврдил дека на длабочина од четири до пет метри има населба идентична со онаа во Солине.
Покрај патот, на локалитетот се пронајдени и неолитски артефакти како камени сечила, камени секири и фрагменти од воденички камења.
Иако се зафатиле со подводни археолошки истражувања поради локалитетот Солине, пронашле пат кој ја поврзувал потонатата праисториска населба на културата Хвар со брегот на островот Корчула.
Од Универзитетот во Задар објаснуваат дека „се работи за сложени камени плочи кои биле дел од комуникацијата широка четири метри која го поврзувала вештачки создадениот остров со брегот“.
Со радиокарбонска анализа на зачуваното дрво пронајдено во последната кампања, целата населба била датирана околу 4.900 години п.н.е.. Луѓето оделе по оваа комуникација пред речиси 7.000 години.
На другиот крај на островот Корчула, археолозите од Универзитетот во Задар вршат истражување на земјиштето во близина на заливот Градина кај Вела Лука.
Истражувањето е резултат на соработка на повеќе институции и компании, а покрај лидерката Мата Парица од Универзитетот во Задар, тука се и Домагој Перкиќ (Музеи на Дубровник), Иван Шута и Ведран Катавиќ (Музеј на градот Каштела ), Катарина Батур (Универзитет во Задар), Марта Калебота (Градски музеј на Корчула), Едуард Вишковиќ (Кантарос), со помош на Далибор Ќосовиќ од нуркачкиот центар Лумбард Блу.