Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска пристигна во Црна Гора, а веднаш потоа проговори за свршувачката на својата ќерка.
– Немаше солзи. Не плачам на тие работи, дури ни солзи радосници. Јас само се радувам на тоа. Тоа беше интимен чин меѓу нив двајца. Го гледав на видео – рече Цеца.
Цеца ја поддржа ќерка си во желбата да го земе презимето на идниот сопруг.
– Според српските обичаи, така треба да биде. Јас гп зедов и презимето на маж ми, зошто таа не? Тоа е сосема во ред, го поддржувам тоа.
-Анастасија вчера дојде од Бургас, со приватен авион. Сега треба да се одмори малку – рекла Цеца.
Да потсетиме, Немања на Анастасија и’ подари незаборавна ноќ. Најпрво имаа романтична вечера, по што следеше настап со танчери и музика во живо и таа ноќ тој ја запроси.