Статуата на слободата на островот Елис силно се тресеше за време на земјотресот со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала што вчера ги погоди Њујорк и Њу Џерси, а на социјалните мрежи се појавија фотографија и тврдење дека статуата била погодена од гром еден ден претходно.
Познатиот симбол на Њујорк, за среќа, не е оштетен при земјотресот,
„Според првите проценки, нема оштетувања на Статуата на слободата на островот Елис “, се вели во соопштението на надлежните служби.
Не е оштетена ниту Емпајер Стејт Билдинг, уште еден симбол на Њујорк.
Гувернерката на државата Њујорк Кети Хочул изјави дека земјотресот ја погодил областа западно од Менхетен и дека се почувствувал низ градот.