Токму такви облаци можеа да видат Белграѓани кон крајот на овој топол ден.
Србија и Белград денес ги зафатија горештини со температури до 38°С, а кон крајот на денот забележани и посилни грмежи.
Кон крајот на денот над Белград се појавија облаци, а за многу набљудувачи тие имаа повеќе од чудна форма.
Небото е исполнето со испакнатини, овални и неприродни по форма. Тоа не е теорија на заговор, натприродна појава, необјаснив феномен, па дури ни човекот не ги „заплеткал прстите“ со технологијата.
Токму такви облаци можеа да видат Белграѓани кон крајот на овој топол ден.
Тоа се облаците Маматус.
Тие изгледаат како испакнатини кои висат од основата на главниот облак, кои потсетуваат на женски гради, поради што го добиле името mammatus (латински – гради).
Иако ретко се појавуваат, сепак е можна нивната појава, а најчесто по силните бури.
Тие се формираат со судир на студениот воздукој тоне х и издигнување на топол воздух, најчесто под кумулонимбус, по бура или поретко пред неа.
Иако изгледаат опасно, најчесто значат дека бурата ослабела или веќе поминала. Тие се опасни за едрилиците и помалите авиони. Претежно се составени од мраз, но можна е и комбинација од мраз и вода.
Најчесто се врзани на наковалната на кумулонимбусот, но можат да се видат и под алтокумулус, алтострат, стратокумулус и цирус.
Најчесто се појавуваат по невремето и се навестува на мирно време .