Барби, најочекуваниот филм на годината, на чија премиера беше и бразилскиот фудбалер Нејмар, вчера конечно пристигна на кино екраните ширум светот.
Фудбалерот на Пари Сен Жермен ја шокираше публиката појавувајќи се на премиерата на филмот облечен во розово.
Во последно време почесто се зборува за авантурите на Нејмар надвор од зелените терени отколку за фудбалот.
На почетокот на оваа година се коцкаше на интернет и загуби дури милион евра во покер, а на коцката не одолеа ниту по освојувањето на шампионатот на Франција.
По тој повод наместо да ја прослави титулата со соиграчите, тој замина во Монте Карло каде што пристигна токму на коцкање.
Што се однесува до филмот Барби, тоа е филм на режисерката Грета Гервиг, во кој главната улога ја толкува прекрасната Маргот Роби, која заедно со Кен, кој го игра Рајан Гослинг, оди во разни авантури.
„Ако ја мразите Барби, овој филм е за вас“, најавува трејлерот на овој чуден филм.