Чудо во Москва! Близок помошник на Путин отворено му рекол да ја заврши војната: Еве како ќе заврши

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин отворено му предложил да ја прекине војната во Украина! Како што пишува „Њујорк тајмс“, заменик-шефот на руската претседателска администрација, Дмитриј Козак, му предложил на Путин уште неколку работи, покрај започнувањето мировни преговори, а сега е познато „како завршил“…

Извори блиски до Кремљ наведуваат дека Козак се обидел да го убеди Путин да започне мировни преговори и, според тврдењата на неговите колеги, на почетокот на годината дал конкретен предлог за прекин на борбите и отворање дијалог со цел постигнување мир, пишува „Њујорк тајмс“.

Во исто време, тој повика на внатрешни реформи во Русија, вклучително и зајакнување на државната контрола врз безбедносните служби и воспоставување независно судство. Иако јавно не се изјаснува против војната во владата, изворите тврдат дека Козак е единствениот висок функционер во кругот на Путин кој отворено изразува несогласување со сегашниот правец на руската политика. Пред почетокот на конфликтот, тој беше познат по својата остра реторика кон Киев, но внатрешно предупредуваше на сериозни последици за Русија, вклучително и силен украински отпор.

Неговиот став, според „Њујорк тајмс“, наводно довел до заладување на односите со Путин . Козак ретко се појавува во јавноста, додека неговиот колега Сергеј Кириенко, силен поддржувач на војната, ги презеде повеќето од неговите должности и редовно ги посетува окупираните области на Украина.

И покрај падот на политичкото влијание, Козак задржува одреден пристап до рускиот претседател, што се толкува како одраз на долгогодишната лојалност на Путин кон блиските соработници.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп најави средба со Владимир Путин на 15 август во Алјаска. Според најавите, главна тема на разговор ќе биде војната во Украина.

Наводно, не е исклучено на состанокот да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски.