Девојка од Појасот Газа, Лана Ал-Басус, преживеа на неверојатен начин откако беше погодена од куршум испукан од израелски дрон, кој застана помеѓу нејзиниот череп и скалп – без да ја пробие коската на нејзината глава.
Веста за ова чудо доаѓа во време кога бројот на убиени и ранети луѓе во израелската офанзива врз Газа продолжува драматично да расте.
Според податоците објавени денес од Министерството за здравство во Газа, најмалку 60.249 Палестинци се убиени во израелската војна во Појасот Газа од октомври 2023 година.
Во последните 24 часа, 111 тела беа донесени во болниците во Газа, додека 820 лица беа повредени, со што вкупниот број на повредени во израелските напади достигна 147.089.
Особено вознемирувачки се податоците за убиствата на Палестинците додека се обидувале да достават хуманитарна помош. Министерството за здравство објави дека во овој контекст, 91 Палестинец биле убиени во последните 24 часа, додека над 666 биле ранети. Од 27 мај до денес, вкупно 1.330 лица биле убиени, а 8.818 повредени додека барале основни средства за преживување, вклучувајќи храна и вода.
Израелската армија продолжи со нападите врз Појасот Газа на 18 март, и покрај претходниот договор за прекин на огнот и размена на затвореници што стапи на сила во јануари. Оттогаш, според министерството, 9.071 Палестинец се убиени, а 34.853 се ранети.