Според неколку медиуми, Шакира снима документарен филм за нејзиниот живот, во кој, меѓу другото, би можела да ја каже целата вистина за раскинувањето со Жерар Пике.
Според Marca, пејачката веќе некое време ја следел снимател кој бил виден за време на доделувањето на Латино Греми наградите во Севиља, но и кога била на суд во Барселона. Документарецот, на кој наводно работи колумбиската ѕвезда, ќе се фокусира на нејзиниот живот во текот на 2022 и 2023 година и тешките моменти низ кои морала да помине за време на паузата со Пике. Една од темите ќе бидат даночните проблеми.
– Јасно е дека Шакира снима материјал за проект, документарец или реално шоу во документарен стил, изјави новинарката Лорена Васкез во подкастот на Мамараци. Како што наведоа во подкастот, документарното или реалното шоу треба да се вика El engano y yo, што во превод значи измама и јас.
Иако сè уште нема официјална потврда, тие претпоставуваат дека документарецот би можел да биде објавен во втората половина на 2024 година.