Шарлиз Терон претходно изјави дека повеќе не е во врска и дека не е заинтересирана за врски.
Актерката Шарлиз Терон проговори за својот сексуален живот , но и за едноноќната врска што ја имала со помлад маж.
Терон беше гостинка во подкастот „Call Her Daddy“, каде што му откри на водителот Алекс Купер дека долго ќе ја памети таа ноќ.
„Имав можеби три авантури за една ноќ во целиот мој живот, но неодамна имав секс со 26-годишник. Беше толку неверојатно, а никогаш порано не сум го направила тоа. Си помислив: „О, ова е одлично“, рече таа.
Шарлиз исто така изјави дека во последната деценија стекнала нова самодоверба кога станува збор за секс, но дека сè уште верува дека е „последната личност“ на која може да се обрати за совет за сексуални врски.
„Жените кои изгледаат самоуверено и отворено во кревет обично се луѓе кои сакаат да им угодат на мажите“, рече таа и додаде:
„Не е ли тоа необично? Ние треба да бидеме тие што велат: Јеби се, ќе доживеам оргазам. Мојот совет е овој: Не го правете тоа. Од две причини, ќе имате подобри оргазми и вашиот маж ќе го обожава тоа“, додаде таа.