Цената на шафранот достигнува и до 3.000 долари за килограм и се смета за најскапиот зачин во светот.
Зошто е толку скап?
Една од причините е што шафранот цвета само три недели во целата година, во март. Стеблата се ниски, што го отежнува процесот на берење, па за еден килограм шафран потребно е да се наберат помеѓу 150 и 200 илјади цветови. Се бере исклучиво рачно.
Најголеми производители на шафран се Шпанија и Иран, кои произведуваат повеќе од 80% од светското производство. Во Иран го нарекуваат „црвено злато”, а во Европа се одгледува на подрачјето на Медитеранот.
Бројни здравствени придобивки
Шафранот има бројни здравствени придобивки, а некои од нив се ублажување на симптомите на депресија, подобрување на способноста за памтење и концентрација, подобрување на здравјето на очите, намалување на нивото на шеќер во крвта, а во него се наоѓаат и картеноиди кои се ефикасни во борбата против настанувањето на малигните клетки.
Шафранот има интензивен мирис и благо горчлив вкус. Само четвртина лажичка е доволна на јадењето да му даде арома и боја, а се продава во мали количини.
Треба да се има на ум дека во поголеми количини е опасен за здравјето, а безбедната дневна количина е 1,5 грама. Пет грама делуваат токсично, 10 гранма предизвикуваат абортус, а 20 грама може да предизвикаат смрт.