– Швајцарските пратеници одбија да го поддржат предлогот за пакет со помош во вредност од 5,5 милијарди долари за Украина во следните пет до 10 години, објавија локалните медиуми, пренесува Анадолу.
Спротивставувајќи се на предлогот, шефот на швајцарската дипломатија Игнацио Касис рече дека Швајцарија веќе дава значителен финансиски придонес за Украина и ги прима бегалците од оваа земја разурната од војна, според платформата за вести Свисинфо.
Според него, швајцарската Влада веќе одвои околу 1,5 милијарди швајцарски франци (1,7 милијарди долари) за Украина и нејзиниот регион за периодот од 2025 до 2028 година.
Касис истакна дека швајцарската Влада сака да помогне во обновата во Украина, но дека е неопходно внимателно разјаснување на потребите и финансирањето.
Одлуката следуваше по еден ден откако швајцарскиот Сенат го одобри планот да им се дозволи на купувачите на швајцарско оружје да го реизвезуваат во трети земји, вклучително и Украина, под строги услови.