– Владата на Шведска одлучи да ѝ го додели на Украина дванаесеттиот пакет воена помош кој ќе изнесува 250 милиони круни (23,7 милиони долари) и ќе вклучува пробни летови на борбени авиони Грипен.
Во соопштението на шведската Влада се посочува дека поголемиот дел од средствата ќе бидат наменети за испраќањето на воена опрема и обуката на украинските војници.
Шведска минатиот месец најави дека можеби ќе им дозволи на украинските пилоти да тестираат борбени авиони Грипен, откако Киев испрати барање за различни типови авијациски системи. Сепак, Стокхолм повторно повтори дека не планира да испрати борбени авиони Украина.