Ракетата, која вчера беше лансирана во 7 часот и 20 минути по локално време од вселенскиот центар „Есренџ“ кај Кирун на северот на Шведска, ја промашила целта.
Истражувачката ракета што рано во понеделникот беше лансирана од Шведската вселенска корпорација (SSC) од вселенскиот центар „Есренџ“ во северна Шведска претрпе дефект и падна во соседна Норвешка, пренесува Анадолу.
Според вестите на „Скај њуз“, ракетата, која вчера беше лансирана во 7 часот и 20 минути по локално време од вселенскиот центар „Есренџ“ кај Кирун на северот на Шведска, ја промашила целта.
Истражувачката ракета се сврте од својата рута откако достигна височина од 250 километри и се урна во планинска област во Норвешка.
ССЦ објави дека ракетата се движела малку позападно од пресметаното.
Претставник на ССЦ изјави дека областа каде што паднала ракетата е на „10 километри од најблиската населба“.
Претставници на норвешкото Министерство за надворешни работи изјавија дека инцидентот е сфатен „многу сериозно“.