Шведска ја намали каматната стапка

Шведската централна банка во средата ја намали референтната каматна стапка за прв пат од 2016 година и навести уште две намалувања во текот на втората половина од годината.

Риксбанк ја намали референтната каматна стапка за 0,25 базични поени на 3,75 отсто, објави централната банка, пренесува Anadolu Agnecy.

„Инфлацијата се приближува до целта додека економската активност слабее, поради што Риксбанк ја ублажува монетарната политика“, се наведува во соопштението.

Како што додаваат, доколку останат перспективите за инфлација, се очекува референтната каматна стапка да се намали уште два пати во текот на втората половина од годината.

Според последните податоци, годишната стапка на инфлација во Шведска во март е намалена на 4,1 отсто, од 4,5 отсто во февруари.

По оваа одлука, круната ја загуби вредноста во однос на еврото на над 11,7200.