Тотален хаос и катастрофа е најдобриот опис за сезоната на Манчестер Јунајтед досега.
„Црвените ѓаволи“ претрпеа уште една болна епизода оваа среда во Копенхаген беа поразени со 4:3 во 4. коло од Лигата на шампионите.
17-годишниот Руни Бардгји е целосно заслужен за сите три поени за домашната екипа која имаше играч повеќе од 42. минута. Момче кое штотуку влегува во фудбалската орбита. Шест дена пред својот 18-ти роденден, шведскиот фудбалер со сириско потекло (роден во Кувајт) на светот му се претстави со својот прв гол во Лигата на шампионите.
Со тој последен гол, Руни Бардгји стана најмладиот играч кој постигнал гол против Манчестер Јунајтед во Лигата на шампионите и најмладиот кој постигнал гол за Копенхаген во ова натпреварување.
За оние кои ја бараат следната генерација на таленти, ова не е изненадување.
Згора на тоа, Руни Бардгји важи за еден од најголемите таленти кој ги поминал сите младински програми на Копенхаген, а поради стилот на игра го краси епитетот „шведскиот Лионел Меси“.
Тој оваа сезона постигна осум гола за данскиот гигант во сите натпреварувања, но тренерот се уште го дозира. Против Манчестер Јунајтед доби половина час, доволно за да ја направи разликата. Исто толку одигра и во 2. коло против Баерн Минхем, додека од клупата гледаше на првиот натпревар против Манчестер Јунајтед и Галатасарај.
Тој ги откри своите амбиции во интервју минатата година за тамошните медиуми:
„Сонот ми е да се направи чекор понатаму и да се игра за најдобрите тимови и да се игра на најпрестижните натпреварувања. Клубот во кој сакам да завршам ? Мојата желба е да играм за Реал Мадрид и да поминам многу години таму. Целта ми е да станам најдобар на светот и никој да не може да ме спречи“, изјавил 17-годишното момче.
Според Sportskeeda, Челзи веќе се распрашувал за неговите услуги минатата недела, што само ја покажува неговата растечка популарност. Од друга страна, по играта на Руни Бардгји, Манчестер Јунајтед е на дното во групата А со три бода од четири натпревари.
Тимот на Ерик тен Хаг сега треба да обезбеди две победи против Баерн Минхен и Галатасарај за да има некаква надеж за пласман во следната рунда.