Шевал Муареми, кој се бара со меѓународна потерница, живее и работи во Дубаи

Шевал Муареми, водач на криминална група, по која полицијата распишала налог за апсење, живее и работи во Дубаи.

Тој вели дека е невин, дека таму работи во компјутерска фирма и живее во вила со друг пријател од Албанија.

Тој не сакаше да зборува пред камери, но тврди дека е невин и дека бил надвор од државата шест месеци пред обвинителството да распише потерница по него.

Таму веќе има легитимација која ја издал во 2021 година и која важела две години, додека сега има нова со петгодишен мандат.

Инаку, во јули годинава петмина членови на групата беа обвинети за шверц на кокаин и двојно убиство. Како водач на групата, именуван е Шевал Муареми, по кого е прогласена потрага и се бара со меѓународна потерница.