Шекеринска на прва средба во НАТО

Заменик генералниот секретар на НАТО, Радмила Шекеринска, денес ја имаше првата официјална средба со државниот министер на Обединетото Кралство за Европа и за Северна Америка, Стивен Доти.

Доти практично учествува на министерскиот состанок на НАТО што утре ќе се одржи во Брисел и кој е првата официјална промоција на Шекеринска на новата функција.