Поранешната министерка за одбрана и претседателка на СДСМ Радмила Шекеринска, по втор пат беше избрана за потпретседателка на Партијата на европски социјалисти.
Таа веста ја сподели на социјалната мрежа Фејсбук, каде што напиша дека со ова признание се покажува дека кај нас има многу знаење и искуство за вистински прогресивни решенија не само дома туку и во Европа.
„Првиот пат беше голема шанса, денес е огромно признание!
Навистина ми е чест дека на Конгресот на Партијата на европски социјалисти (на кој во моментов говорат шпанскиот премиер Санчез и германскиот канцелар Шолц) повторно бев избрана за нејзин потпретседател. Тоа покажува дека има кај нас многу знаење и искуство за вистински прогресивни решенија не само дома, туку и во Европа“ објави Шекеринска.