Шенон Доерти не беше погребана ниту две недели по нејзината смрт! На сите им е мистерија и се прашуваат што се случува

Актерката Шенон Доерти со години била свесна дека ќе умре, па го одредила списокот на луѓе кои треба да бидат на нејзиниот погреб, но сега сите се прашуваат зошто по две недели се уште не е погребана.

Ѕвездата на сериите „Беверли Хилс“ и „Чари“ во последните девет години се бореше со ракот на дојката и отворено зборуваше за тоа. Како што и самата истакна во едно интервју, го продала целиот свој имот за да и олесни на мајка си кога ќе дојде моментот на нејзината смрт.

Меѓу другото, актерката на својот погреб оставила список со луѓе кои не ги сака, а кои ги замислила како „фестивал на љубовта“. Таа истакна дека сака оптимистичка и славеничка атмосфера.

– Не сакам луѓето да плачат или да кажат насамо: „Фала му на Бога таа кучка сега е мртва“ – рекла таа еднаш. 

Сепак, сè уште не се познати деталите за ковчегот, како и кога и каде ќе се одржи погребот, а многу фанови на познатата актерка коментираат токму тој момент. 

Имено, како што пишуваат странските медиуми, последните денови сите се прашуваат зошто Шенон се уште не е погребана со оглед на тоа што поминаа нешто повеќе од две недели од нејзината смрт.

И покрај се, нема официјални информации, а фановите на актерката се надеваат дека наскоро ќе добијат одговор.