Познатата актерка Шерон Стоун се пошегува на социјалните мрежи за тоа како го одбележала својот 65-ти роденден со опсежни пластични операции, објавувајќи фотографија на која нејзините усни изгледаат драстично поголеми.
„Го направив тоа. Конечно. Отидов во Холивуд за мојот роденден. Понекогаш го добивате токму тоа што го сакате“, напишала таа. Но, американските таблоиди пишуваат за што всушност се работи – Шерон го постигна овој екстремен изглед благодарение на Wax Lips, бонбона со вкус на цреша во форма на преголеми, црвени усни.
„Изгледа сосема природно“, „Едвај ја гледате разликата. Прекрасно направено“, се пошегувале нејзините следбеници, оставајки коментари под објавата.
Инаку, актерката претходно зборуваше за честото лекување со ботокс, додека не доживеа мозочен удар кој ја принуди да ги преиспита процедурите.