Анџелина Џоли во последното интервју, кое го даде за Wall Street Journal, призна дека доколку денес бирала што ќе прави во животот, никогаш немало да стане актерка.
,,Можеби би размислила за сценските одбори, но никогаш повеќе не би избрала живот и кариера во Холивуд”, рече таа.
„Денес не би избрала работа актерка. Кога почнав немав никакви очекувања, ниту мислев дека сè ќе биде толку јавно, што ќе морам cè да споделувам толку многу“, ја започнала својата исповед актерката.
Kако што рече, повеќе од две децении под толку интензивен јавен интерес си го направија своето, а сè се интензивираше по нејзиниот развод со Бред Пит, кога стана мета на таблоидите.
Таа призна дека сето тоа и’ предизвикало толку голем стрес што во 2018 година, за време на снимањето на продолжението на Дизни ,,3лобната самовила 2“, забележала дека нејзиниот глас целосно се променил од моментот кога за првпат го снимала споменатиот филм.
„Моето тело реагира на стрес, ми се зголемува шеќерот во крвта, а шест месеци пред разводот одеднаш добив Белова парализа”, рече таа и додаде дека нема социјален живот во Лос Анџелес.
Таа откри дека на крајот планира да го напушти Лос Анџелес засекогаш и да помине повеќе време во нејзиниот дом во Камбоџа.
,,По разводот ја изгубив способноста да живеам и слободно да патувам. Ќе се движам кога ќе можам, бидејќи поради сите места на светот, Холивуд не е здраво место за живеење”, рече Џоли.
А потоа ги допре своите шест деца – Медокс (22), Пакс (20), Захара (18), Шајло (17) и близнаците Вивиен и Нокс (15) – откривајќи дека тие не се само нејзини деца, туку и се и нејзините најдобри. пријатели.
„Ние сме седум различни луѓе и тоа е нашата сила. Моравме да се излечиме себеси. Има работи од кои моравме да се излечиме“, рече таа.