Шест овошја и зеленчуци богати со антиоксиданси кои треба често да се на менито

Конзумирањето храна богата со антиоксиданси е важна компонента на здравата исхрана. Антиоксидансите помагаат да се неутрализира оксидативниот стрес, нудејќи заштита од клеточно оштетување предизвикано од слободните радикали. За да може ефектот на антиоксидансите врз организмот да биде што посилен, потребно е да се консумира храна која е богата со овие својства.

Портокали

Портокалите содржат антиоксиданси, вклучувајќи флавони, терпени и лимоноиди, кои се познати по своите антиоксидантни својства. Ова популарно овошје содржи и други хранливи материи, како што се витамините Ц и А, калиум, калциум, влакна и витамини од групата Б. Како што е соопштено од Eat This, Not That, некои студии покажуваат дека конзумирањето портокали може да помогне во зајакнувањето на имунолошкиот систем и дека калиумот во портокалите помага да се контролира крвниот притисок. 

Брусница

Благодарение на антоцијаните и полифенолите, брусницата е едно од плодовите богати со антиоксиданси. Спречувањето на инфекции на уринарниот тракт често се наведува како една од попознатите здравствени придобивки од сокот, но истражувањето објавено во Журналот на науката за храна и земјоделство покажува дека брусницата може да помогне во заштитата од воспаление на цревата, известува Eat This, Not That.

Малини

Малините се на самиот врв кога се работи за овошје богато со антиоксиданси. Според научниците од Државниот универзитет во Орегон, малините содржат антиоксиданс антоцијанин, кој обезбедува придобивки за здравјето на срцето и може да заштити од губење на меморијата и здравствени проблеми поврзани со возраста. 

Брокула

Брокулата е одличен избор на зеленчук за оние кои сакаат да го зголемат внесот на антиоксиданси. Доколку сте еден од нив, се препорачува да јадете варена брокула која е побогата со хранливи материи. Брокулата содржи витамини А, Ц и К, калциум, калиум, железо и антиоксиданси како што се глукозинолат, сулфорафан и индол-3-карбинол.

Овој зеленчук е познат по своите многубројни здравствени придобивки, вклучително и промовирање на здравјето на срцето и очите, регулирање на тежината и здравствени придобивки од имунолошкиот систем, според истражувањето објавено во списанието Антибиотици, известува Eat This, Not That.

Цвекло

Цвеклото содржи фолати, калиум, витамин Ц и манган. Исто така, содржи нитрати кои можат да помогнат да се релаксираат крвните садови за да се подобрат атлетските перформанси, закрепнувањето после вежбање и контролата на крвниот притисок. Според истражувањето објавено во Food Science & Nutrition, антиоксидативниот капацитет на цвеклото доаѓа од беталаинот, со кој цвеклото е богато. 

Замрзнат спанаќ

Конзумирањето на овој зелен зеленчук може да го зголеми внесот на антиоксиданси во организмот. Спанаќот е одличен извор на витамини, минерали и антиоксиданси, содржи витамини А, Ц и К, фолна киселина и растителни влакна. Каротеноидите во спанаќот, како што се лутеинот и зеаксантинот, се силни антиоксиданси кои имаат корисен ефект врз здравјето на очите, пренесува Eat This, Not That.