Утре во Киев ќе се одржи самитот на ЕУ, што е прв ваков собир на највисоките функционери на Европската унија од почетокот на руската окупација.
По тој повод, денеска и утре во Киев ќе пристигнат повеќе од 10 високи претставници на ЕУ, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, пренесува Телеграфи.
На самитот ќе се разговара за испраќање дополнително оружје и пари во Украина, зајакнување на пристапот на украинските производи на европскиот пазар, помагање на Украина да ги покрие своите енергетски потреби, воведување нови санкции против Русија, одговорноста на руските лидери за војната и можноста за проширување. како и европската зона без трошоци за роаминг во Украина, пишува Гардијан.
Но, во исто време, желбата на Украина за брз влез во Европската унија ќе остане нечуена. Според тоа, ЕУ не само што очекува повеќе антикорупциски мерки од Украина, туку не е подготвена да прифати како членка земја во која беснее најголемиот вооружен конфликт од Втората светска војна.
Украинскиот премиер Денис Шмихал неодамна изјави дека Украина сака да се приклучи на ЕУ во следните две години, но очигледно тоа нема да се случи најмалку уште пет години, а можеби и подолго.