Службата за протокол на Државниот секретаријат на Ватикан соопшти дека досега 130 делегации потврдиле дека ќе присуствуваат на погребот на папата Франциско во сабота.
Меѓу присутните делегации, според најавата, ќе бидат и околу 50 шефови на држави и 10 владејачки монарси, пренесува Анса.
Директорот на Канцеларијата за печат на Ватикан, Матео Бруни, претходно денеска изјави дека погребната поворка за испраќање на папата Франциско ќе се движи пеш од базиликата Свети Петар, каде ковчегот со неговото тело е изложен веќе три дена, до базиликата Санта Марија Маџоре, каде што ќе биде погребан во сабота, за луѓето да можат да се простат и да се збогуваат со базиката во живо. бидејќи, според желбата на папата, погребот ќе биде приватен и едноставен.
Папата Франциско почина на 21 април на 89-годишна возраст, а директорот на Управата за здравје и хигиена на Ватикан Андреа Аркангели објави дека папата починал поради мозочен удар и срцева слабост.