Претседателот на Ал-Хилал, Фахад бин Нафел, не можеше да ја скрие радоста и беше снимен како плаче на трибините по победата на неговиот тим од 4-3 против Манчестер Сити во осминафиналето на Светското клупско првенство.
Тоа беше најголемата победа за саудиски клуб во историјата, со оглед на тоа што Сити беше апсолутен фаворит, а наместо тоа бевме сведоци на сензација.
Сити добро го отвори натпреварот и поведе во деветтата минута преку Силва. Во продолжението од првото полувреме, англискиот тим целосно доминираше, но не можеше да го постигне вториот гол.
Казната за промашувањата дојде на почетокот од второто полувреме, кога Ал-Хилал го сврти резултатот со головите на Маркос Леонард и Малколм.
Три минути подоцна, Халанд го израмни резултатот на 2:2, а со тој резултат заврши регуларниот дел од натпреварот.
Следуваше продолжение, во кое видовме дури три гола. Прво, Кулибали го врати Ал-Хилал во водство, а Фоден возврати на спротивната страна.
Конечните 4:3 ги постави расположениот Маркос Леонардо во 112-та минута од натпреварот.
Ал-Хилал ќе игра против Флуминенсе, кој претходно го елиминираше Интер, во четвртфиналето на Светското клупско првенство. Овој натпревар ќе се игра во петок во 21:00 часот.