Шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека во моментов меѓу нивните борци во Украина нема српски државјани, а последниот ја напуштил областа пред два месеци.
Пригожин коментира откако српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини Вагнер дека се обидува да регрутира Срби да се борат во Украина.
„Вучиќ беснее без причина. Во Вагнер нема Срби од 1 јануари 2023 година“, рече Пригожин на својот канал „Телеграм“.
„Последниот кој се борел во единицата на Вагнер ја напушти областа пред два месеци. Ако некој Србин тврди дека се борел во единицата на Вагнер во 2023 година, тоа е лага. Не му верувајте” – заврши Пригожин.