„Главната цел на оваа посета е да се зголеми улогата на Пекинг во договорот за Украина“, пишува Комерсант.
На годишната Минхенска безбедносна конференција минатата недела, кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји ги обвини Соединетите Држави за кршење на меѓународните норми со „хистерично“ однесување. Тој повторно повика на дијалог и предложи европските земји cмирено да размислат за начините за завршување на војната.
Ванг исто така рече дека има некои сили кои очигледно не сакаат преговорите да успеат или војната наскоро да заврши, но не прецизираше на кого се мисли.
Кинескиот лидер Cи Џинпинг, најави италијанскиот министер за надворешни работи минатата недела, треба да одржи „мировен говор“ на годишнината од инвазијата на Украина.
Антонио Тајани изјави дека ја искористил неговата средба во Рим со Ванг Ји во четвртокот за да побара од Пекинг да ја искористи својата моќ за да ја убеди Русија да стави крај на војната, истовремено гарантирајќи ја независноста на Украина.
„Ми кажа дека Cи ќе одржи мировен говор на годишнината од инвазијата на Украина“, рече Тајани.