– Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) Рафаел Гроси се очекува да отпатува во во Иран во наредните денови, соопштија денеска иранските власти.
– Гроси ќе дојде во следните неколку дена на официјална покана на Иранската организација за атомска енергија. Се надеваме дека посетата ќе биде основа за поголема соработка меѓу Иран и МААЕ, изјави Бехруз Камалванди, портпарол на таа организација.
Иранските власти минатата недела соопштија дека претставници на МААЕ отпатувале во Техеран за да го решат спорот околу извештаите дека инспекторите на ОН откриле ниво на збогатување ураниум на 84 отсто, што е нешто под 90 отсто – потребно за производство на атомска бомба.
Тогаш Техеран ги демантираше тие информации, уверувајќи дека досега немало обид за збогатување ураниум за повеќе од 60 проценти.
Сепак, тој праг е многу повисок од 3,67 отсто утврдени со нуклеарниот договор склучен во 2015 година.