Шефот на СЗО пристигна во Алепо со авион со залихи во вредност од 290.000 долари

 Генералниот директор на Светската здравствена организација Тедрос Аданом Гебрејесу пристигна во сирискиот град Алепо погоден од земјотресот, јавуваат сириските државни медиуми.

Тедрос пристигна од меѓународниот аеродром Ал Мактум во Дубаи со лет за хуманитарна помош кој превезува медицинска и хируршка опрема вредна повеќе од 290.000 долари.